Високи потпетици за повеќе секс!

popara5 јули, 20121min00
beauty-luxury-sexy-shoes-Favim.com-401333

Високите потпетици ја издолжуваат ногата и ја прават многу женствена, а и жената многу самоуверена. Тие се елегантни, секси и ниту една жена неможе да им одлолее. Да не зборуваме за тоа колку мажите ги сакаат на негуваните стапала на жените. И покрај тоа што лекарите постојано предупредуваат на опасноста која ја носат со себе, чевлите со висока пета завземаат поголем дел од колекцијата на чевли на секоја модерна жена. Но, дали знаевте дека го зголемуваат либидото?

Еве совршено оправдување! Секој пат кога вашиот партнер подолго од половина минута ја вади кредитната картичка, бидејќи домот ви е затрупан од високи потпетици во различни модели, бои и креатори, трепнете со своите симпатични очи и потсетете го на фактот дека високите потпетици будат желба за секс. Ќе видите како овој метод позитивно делува.

Во Италија е спроведено истражување кое го докажало ова тврдење, иако е потребно жената да знае правилно да оди на високи штикли. Само на тој начин ќе можат да го доловат споменатиот ефект. Марија Черути, раководител на истражувањата, објаснува како потпетиците ги зајакнуваат карличните мускули и циркулација е многу подобра отколку обично.

Па, ако е така, тогаш подитно ќе морате да ја посетите новоотворената продавница за чевли и за себе да си набавите уште еден неодолив пар. Чисто за либидото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag