Времето ви е ограничено, затоа не го трошете живеејќи нечиј туѓ живот! Не паѓајте во замката на догмата да живеете според мислите и очекувањата на другите! Не дозволувајте шумот од туѓите мислења на луѓето околу вас, да го потиснат вашиот сопствен внатрешен глас. И најважното – имајте смелост да го следите срцето и интуицијата. Тие веќе знаат што треба. Се останато е второстепено! Ослободи се од потребата да добиваш потврда и одобрување од другите. Ти не зависиш од ничие одобрување!
Ако мислиш „поразен сум“, ќе бидеш! Ако мислиш „не смеам“, нема да смееш!
Ако кажеш „би сакал“, но си мислиш „не можам“, едноставно нема како да успееш.
Ако мислиш дека губиш, „загубен си“ – ќе ти каже светот.
Ако мислиш „назад сум“, назад си!
Кој мисли високо, не паѓа!
Едностсавно треба да бидеш сосема уверен, штом си тргнал да бараш награда.
Не најсилниот, ниту најбрзиот се тие што ја земаат наградата. Човекот што ја добива битката е оној кој мисли „ЈАС МОЖАМ“. Срцето никогаш не се откажува, освен ако ти не му забраниш…Тоа секогаш го бара она што му треба и знае како да го најде, дозволи му!
Сакаме пари, нова работа, идеален партнер до себе…И сигурно го заслужуваме сето ова. Но некој, некаде таму, можеби се моли и верува посилно од нас…
Што е важно што вчерашниот ден не бил таков, каков што си очекувал да биде? Тој е веќе минато и ти не можеш да направиш ништо повеќе…
Но денешниот ден е нешто сосема друго. Тој лежи сега пред тебе недопрен и чист и само од тебе зависи дали тој ќе биде најубавиот ден!