За нивната врска, веридба, а сега и брак, може да се напише сценарио за серија. И кога многу се посомнева дека тие двајца навистина се венчале, актерката е фотографирана со дијамант на прстот.
Блејк Ливели и Рајан Рејнолдс се венчаа! Тоа е вест која ја знаеме од минатата недела, но ретко кој поверува. Всушност, тие не се видени во јавност, па странските медиуми пренесуваа дека тука има нешто ‘сомнително’. Меѓутоа, сега се уловени додека страсно се бакнуваат на улица, а во оваа прилика е забележан и вереничкиот прстен на раката на познатата актерка.
Се работи за парче накит од дизајнерот Лорен Шварц со еден голем дијамант со светло розова боја и ситни дијаманти околу него. Вредноста е проценета на 2 милиони долари!