Вистинскиот маж се појавува точно тогаш кога најмалку го очекуваш…

popara22 февруари, 20121min01
1

Вистинскиот маж е како омилената блуза зафрлена некаде во гардероберот. Знаеш дека е некаде таму, но никогаш не можеш да ја откриеш кога ќе ти затреба. Низ рацете ти минуваат различни парчиња облека, памучна која не одговара на сезоната и во боја што не ти одговара на косата. Сигурна си дека нема да ти стојат добро, но ги пробуваш за секој случај.

Вистинскиот маж не те убедува во ништо. Не пречи и не настојува. Тој се појавува точно кога најмалку го очекуваш. Со аромата на праски, дожд и ванила торта изникнува пред тебе ненадејно. Не мисли да остане. Но не брза и да замине. Влегува во твојот свет незабележано.

Вистинскиот маж нема лице. Зошто не е ни важно како изгледа. Тој има карактер и принципи, затегнати како жиците на Страдивариус виолината. Се разликува од сите останати по тоа што ќе те промени целосно. Ќе ја пререди целата твоја душевна сложувалка. Ќе те натера да леташ, да коленичиш, да влегуваш и излегуваш од гробот, да гледаш со очите на гладно бездомно куче. И да го правиш со многу љубов.

Вистинскиот маж нема да ги исполни сите твои желби. Дури точно обратното. Заради него ќе отидеш на планина, дури и кога го мразиш снегот. Тој ќе те натера да бидеш љубоморна, ако не си. Да му ја проверуваш пошта, да се мразиш, да ги следиш камбаните во неговиот глас и според нив да ги откриваш боите на неговите расположенија.

Заради него ќе бидеш мила, нежна, бесна, слаба. Ќе те прекрои и ќе те направи чисто нова. За да те постави внимателно во мала кутија со етикета и никогаш повеќе да не ја отвори.

Неговата цел не е страдањето. Солзите нема да помогнат, зошто не сака да те гледа слаба. Тој сака да отидете до крај во се. Да допрете до работ и сако успееш да издржиш на тестот ќе го задржиш до себе. За уште еден ден. Или седмица. Нема како да знаеш. Единственото во што си сигурна е дека досадата никогаш нема да е тука со вас.

Вистинскиот маж избира долго и бавно. Тој е колекционер на скапи слики. Никогаш не му е важно количеството. Неговата цел е игра со достоен противник, а не лесна победа.

Тој не е ниска топка и нема како да го фатиш ако не ја знаеш играта!

One comment

  • Ѓоко

    13 август, 2013 at 05:40

    Многу убав текст. Не ми е јасно зашто авторот не е потпишан, да знам, па следен пат кога ќе видам негов текст, задолжително да го прочитам.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag