Вистинските лаги

popara6 април, 20121min00
s3

„Сакам да ти дадам шанса да бидеш мажот, за кој навистина би жалела ако не ме избереше мене!“ Оваа филмска реплика ми се врти често во главата. Филмска, затоа што ако тоа беше филм, набрзо ќе настапеше драматична пауза. Таа со високо дигната глава ќе му свртеше грб и ќе заминеше сама по својот пат. Тој само за секунди ќе се свестеше каква жена испуштил од рацете и со решителни чекори ќе тргнеше по неа да ја стигне…Но во реалниот живот не е ни малку слично на ова. Таа дури и да си мисли нешто такво, тешко дека би собрала сили да му каже во очи. Тешко дека би се решила после толку години да замине! Да замине поради грозната вистина, дека не била единствена! Тој пак воопшто не би сватил што му зборува. А да тргне да трча по неа – апсурд! Жени колку да сакаш. И затоа се прашувам, на кого му е потребна грозната вистина? Знае ли некој колку боли? Знаете ли како е да ти се вртат во главата сценарија за него и неа?

Одредени истории околу мене, во кои учествуваат мои блиски пријатели, ме предизвикаа да почнам да размислувам за вистината.

Прво – вистината боли и не се лекува со таблети.

Второ – вистината не те ослободува, а те прави зависен.

Трето – вистината е испит за твојата совест. При тоа еден од потешките.

Четврто – вистината не е секогаш најдобриот избор.

Повеќе сакам да сум девојката која си живее во заблуда, дека тој е прекрасен, верен, идеален и ме сака само мене. Варијантата да знам дека има и друга, со која се тркала во истите чаршафи, во кои се тркалал и со мене, дека и ги зборува истите слатки зборови како и мене, дека ја бакнува како што ме бакнува мене, дека и неа ја расмева како и мене, дека го возбудува и го прави среќен, таа, некоја друга…ме тера да полудам, да вриштам од љубов и болка. Нема повеќе да го опишувам ова чувство, зошто искрено немам зборови што би можеле да го објаснат. Ќе ме разберат само оние што го почувствувале.  Да не зборуваме дека штом јас знам за неа, тоа автоматски ме прави „резервата“ која треба да се сообразува  да не го разбие розовиот свет во кој вистината е грозна. Да ги фрли годините заедно, зошто? За една вистина што можела да биде и премолчена?

Ако навистина сакате некого, ако навистина тој ви значи, ако не сакате да ги повредите неговите чувства, ве молам не му ја кажувајте вистината! Излажете го, понекогаш тоа е најмилото нешто, што можете да го направите за него! Да можев да го вратам времето назад би му рекла само: „Те молам, ништо не зборувај…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag