Витаминот Д е единствениот витамин, кој организмот може сам да го создава, но со помош на сончевата светлина. Тој е важен за растот како и за регулацијата на размената на калциум и фосфор во организмот.
Млекото е богат извор на витамин Д, како и сите млечни производи, но исто така и рибата, јајцата, црниот дроб. Витаминот Д не случајно е нарекуван сончев хормон, туку поради својството да се образува во организмот, под влијание на сончевата светлина. Кога ултравиолетовата светлина паѓа врз кожата, таа делува на кожните клетки и претвара еден вид на холестерол во нив во холекалциферол – форма на витамин Д3.
Недостатокот на витамин Д може да доведе до редица болести на коскениот систем. Представува превенција од редица тумори, а способен е и да го регулира растежот и функцијата на мозочните клетки. Важен е за имуниот систем и има противоспалителен ефект. Се смета дека представува превенција од рак на градата, атеросклероза, депресија, епилеосија, хипертонија, остеопороза, воспаление на непцата, псориазис, остеомалација и др.