Ако лесно и често ви се појавуваат модрици и страдате од крварење на непцето, тогаш мошне веројатно е дека имате потреба од витамин П. Што уште знаете за овој витамин?
Витамин П е неопходен за апсорбцијата на витамин Ц од страна на организмот и спречување на разградување на витаминот Ц под дејство на биохемиските процеси.
Витаминот П е силен антиоксиданс, има изразено антиалергиско и антивирусно својство, ја подобрува циркулацијата и го подобрува тонусот на крвните садови и нивната еластичност. Помага при проширени вени, крварење на непцето, хемороиди, зараснување на рани и сл. Овој витамин ја наоѓа својата примена и при лечење на ревматизам, хипертонија, чир и при труење со разни токсични агенси.
Извори – сите цитруси, кајсии, вишни, чреши, шипки, капини, црвено вино, пиво, кафе и чоколада.
Недостатокот на витамин П води до општа слабост, замор, недоволно енергија и сили за физичка активност, честа појава на модрици и крвоизливи, крварење од непцето, мускулна слабост, испукани усни и др.