Дали сонцето може да ја излечи депресијата? Ако верувате во новото истражување одговорот е потврден, а причината за тоа е витаминот Д кој нашиот организам го создава со самото изложување на сонце.
Повеќе истражувања покажале дека витаминот Д може да ја намали депресивноста кај пациентите.
Експертите кажале дека тој витамин е важен за одредени делови од мозкот кои се задолжени за однесување и чувства, па ако имаме ниско ниво на витамин Д во организмот овие делови неможе да функционираат најдобро.
Витаминот Д исто така е одговорен за отпуштање на одреден невротрансмитери како допамин, серотонин и епинефрин, истите оние на кои треба да делуваат антидепресивите.
Сепак, експертите изјавиле дека мора да се направат по обемни студии за да се докаже дека навистина витаминот Д може да ја лечи депресијата.