Витни Хјустон е погребана покрај својот татко Расел!

popara20 февруари, 20121min00
pogreb

Поп пејачката Витни Хјустон е погребана на гробиштата Фервју во присуство на семејството, пријателите и одреден круг на пријатели.

По желба на семејството, погработ не бил отворен за јавноста, но обожавателите на Витни беа во можност да ја следат церемонијата во бапристичката црква Нова Надеж преку телевизиските станици.

Меѓу познатите кои присуствуваа на последната почест на Хјустон биле актерот Кевин Костнер, која со починатата актерка играше во филмот “Телохранител” од 1992 година, Опра Винфри, . Мери Џеј Блајџ, Мараја Кери, Спајк Ли.

На последниот поздрав во црквата можеле да присуствуваат само 1.500 одбрани гости кои добиле покани. Во црквата на кратко се појавил и поранешниот сопруг на Витни Хјустон, раперот Боби Браун, кој оддал почест на почетокот на церемонијата.

“Замина Витни, замина, придружувана од ангели на твојот небесен татко. И додека пееш пред него, не се гриѓи. Ќе бидеш доволно добра”, изјавил во емотивниот говор Кевин Костнер.

Меѓу оние кои настапувале на комеморативниот собир, посакувајќи за последен пат да ја испратат Витни Хјустон биле, Алиша Кис и Стиви Вондер. Беше најавено дека на комеморацијата ќе пее и Арета Френклин, но нејзиниот настап е откажан поради болест на пејачката.

Ковчегот со телото на починатата пејачка е изнесен од црквата со звукот на нејзиниот глас во најпознатата песна “I”ll Always Love You”. Таа ќе почива покрај незјиниот татко Џон Расел Хјустон, на гробиштата Фервју во близна на Вестфилд.

Додека ковчегот се упатувал кон гробиштата низ музиката можеше да се слушне плачот на нејзината мајка Сиси Хјустон и ќерката Боби Кристина. Витни Хјустон почина минататанедела на 48 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag