Музичкиот продуцент Дејвид Гест откри дека Мајкл Џексон и Витни Хјустон во осумдесеттите години биле заљубени еден во друг. Меѓутоа, поради срамежливоста на Џексон, нивната љубов не успеала. Мајкл наводно жалел цел живот што не се венчал со Витни.
“Витни многу го сакаше, а тој ја почитуваше. Еднаш ми призна дека во една прилика размениле бакнежи полни со страст, а Витни еден период била заљубена во него. Мислам дека сакаше и да се омажи за него, но тој беше премногу срамежлив за да се обиде да направи нешто. Доколку тие беа заедно, мислам дека Витни немаше да започне да користи наркотични средства и да има деструктивно однесување”, откри Гест.