Вкусен шербет од киви и вино
11 март, 20120
Потребни состојки:
150 гр. шеќер
250 мл. вода
7 киви
2 белки
Сок од 1 лимон
250 мл. бело вино
Припрема:
Растопете го шеќерот во водата и оставете го да се излади. Излушете ги кивито и изецкајте ги во блендер или сецко. Изматете ги белките во цврст снег, измешајте ги со белото вино, лимонот, кивито и шеќерниот сируп.
Смесата добро изматете ја и ставете ја во замрзнувач да отстои 4 часа, а во меѓувреме примешајте ја 2-3 пати.
Смесата послужете ја во украсни чаши. Добар апетит!