Внимавајте со мрсното обработено месо, зошто ни малку не е полезно!

popara22 февруари, 20121min00
2

Љубителите на ќебапи и плескавици, салами, паштети и сувомеснато месо ќе бидат крајно изненадени од последното шведско истражување. Според нив само едно ќебапче дневно го зголемува ризикот со цели 20% од појава на рак на панкреасот.

Не само ќебачето има ваков негативен ефект, во истата група припаѓаат и прженото месо, конзервирано месо како паштети и нарезок, салами и други видови обработки на месото.

Ракот на панкреасот често е нарекуван тивок убиец  бидејќи во ран стадиум не покажува никакви симптоми, а дури тогаш кога ќе биде многу касно, за жал. А ваквото месо е прво на листата штетни фактори кои предизвикуваат појава на овој крајно опасен карцином. Ова е една од најсмртоносните болести и најчесто се открива од лекарите прекасно.  Само 50 грама вакво месо дневно, ве става во групата на тие 20%, за кои се очекува да заболат од оваа погубна болест. Ова надополнето со брза храна, како например помфритот го зголемува овој процент на 30-40%. Шокантно и страшно!

Навистина многу е важно да сватите колку е важна храната, таа лекува, таа убива! Не се умира без јадење, се умира почесто од јадење тоа што не треба! Размислете!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma