Во 4 чекори до совршени нокти

popara17 август, 20121min00
нокти

За женствени раце и совршени нокти не е потребно да одите во скапи козметички самжлони, бидејќи вистинската нега најдобро ќе ја направите сами. За домашен маникир потребно е да издвоите само еден ден во неделата, а покрај лак подгответе и памучни туфери, отстранувач на лак и неколку трикови на најголемите холивудски експерти.

Избегнувајте основа за лак

Базата која се нанесува под лакот за нокти всушност е бескорисна. Освен што препаратот е преполн со хемикалии како формалдехид кој навлегува директно во вашите нокти, односно во кожата базата нема да го задржи лакот на вашите нокти. Подгответе го ноктот, така што на туфер ќе ставите малку алкохол кој ќе продрие директно во вашиот нокт, постапката повторете неколку пати и со тоа ќе ги отстраните маснотиите и нечистотиите.

Одберете правилна турпија за нокти

Жените многу често користат погрешни турпии за нокти. Обичните, кои можеме да ги најдеме во несесерот најчесто се премногу груби и можат да го оштетат ноктот.

Користете поблага и помека турпија која нема да предизвика лупење и пукање на ноктите.

Измастете ги кутикулите и ноктите

Добро протријте ја кожата околу ноктите. Ако е сува и тврда значи дека многу лесно може да дојде до пукање на кожата и кутикулите затоа што лосионите за раце се премногу слаби и неефикасни.

Овозможете им на вашите нокти и кожа соодветна нега со помош на маслиново масло. Мачкајте ги ноктите и кожата со масло и добро втријте, а вашата кожа и нокти веднаш ќе покаже одлични резултати.

Правилно нанесете лак

Го вадите апликаторот, го  цедите на работ на шишето од секоја страна и четката е подготвена за лакирање на ноктите? Погрепно е бидејќи на тој начин на апликаторот може да се појават грутки или прекумерно количество на лак.

Сакате уредни нокти, обидете се на овој начин: Пред да започнете со лакирање на ноктите четката неколку пати од секоја страна исцедете ја на работ на шишенцето и тоа од самиот врв се додека не добие спласнат изглед. Потоа самиот врв на четката натопете го во лакот и во три долги потези (левата страна, десната страна, па средината на ноктот) лакирајте ги ноктите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag