Во Австралија паѓаат овци на автомобилите

popara2 јуни, 20121min00
1

Возачите на еден прометен автопат во Австралија беа во шок кога одеднаш врз хаубата на  нивниот автомобил почнале да паѓаат овци…???

Сиднеј: Драматичниот инцидент се случил во четвртокот, на приодот на Мелбурн , кога камион кој превезувал околу 400 обци се судрил со еден надвозник над автопатот, по што овците почнале да испаѓаат од возилата.

Како што пенесува агенцијата АФП , мртви и повредени овци паднале на најмалку 2 возила, додека многу возачи во возењето, биле приморани да манипулираат, и во слалом да ги избегнуваат животните паднати на патот…

Австралиската полиција соопштила дека и покрај големата вознемиреност и паника , никој не бил повреден.

“ Сите вриштевме. Ја притиснав кочницата со цела снага. Имавме многу среќа во тој настанат хаос, но кутрите овци, ми беше жал за нив. Навистина случката беше стравична” изјави една жена на чие возило паднала една овца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma