Млада девојка (15) од Минхен, чие име не е соопштено, гледала телевизија дома и кога го сменила каналот имала што да види.
Во емисија на РТЛ течела емисија за свингери,”главни ѕвезди” биле нејзините родители.
Таа вчудоневидено гледала додека нејзината мајка се смеела во кафез, а таткото скокал наоколу облечен како Бетмен, со секс играчка во рака.
Кога им соопштила на родителите што видела, тие во паника се обиделе да ја тужат РТЛ, тврдејќи дека не има било кажано дека емисијата ќе биде емитувана во време кога и малолетници можат да ја видат.
Барале отштета на суд во Минхен, во име на ментална болка која е наменета на нивната ќерка.
Сепак, судијата на Деветтиот регионален суд им доделил само по неколку стотици евра отштета, бидејќи признале дека доброволно отишле во свингерски клуб и занеле дека ќе бидат снимени.