Месецов се навршија десет години откако ботоксот се појави на козметичкиот пазар и навистина има изгледи за светла иднина! Може да се каже дека нема реални услови овој продукт да го доживее својот залез бидејќи сеуште е лидер меѓу препаратите против брчки кој дава моментални резултати, разубавува и подмладува. Не е многу скап и се аплицира еднаш на секои 6 месеци. Основниот механизам е парализа на мимичната мускулатура на лицето. И покрај тоа што е токсин, не е токсичен кога вака се аплицира.
Што се однесува до славните холивудски ѕвезди, тие најпрво ја одрекуваат употребата на ботокс, после тоа си признаваат, а некои, како Мадона дури изјавуваат дека се зависни од него.
Овој метод за пеглање брчки се препорачува за жени на средна возраст, но многу од помладите дами веќе го користат превентивно.
Вистината е дека ботоксот може многу да помогне во пеглањето на брчките, но не може да биде фонтана на младоста и да го стопира процесот на стареење. Може само да го забави и да ви ја продолжи младоста.
Но дали навистина лицето има потреба од третирање со токсини, секој решева сам за себе.