Експертите се обидуваат да докажата дека фреска на Италијанскиот гениј се крие под делото на Џорџо Вазари во Палацо Векио во Фиренца
Историчарите и трагачите по уметнички дела се на мислење дека пронашле траги на една недовршена фреска на генијот на Италијанската Ренесанса, Леонардо Да Винчи, за време на една контроверзна реставрација на фреска на Џорџо Вазари во една од главните сали, на Палацо Векио.
Експертите тврдат дека откриле траги од така наречена “ црна слика”, специфична аномалија, од периодот кога Леонардо ги насликал Џоконда и Свети Јован Крстител. Се мисли дека Хроничарот и сликар Вазари ја насликал својата фреска, Битката кај Марциано во 1563 та, покривајќи ја Леонардовата фреска, Битката кај Анѓијари.
Леонардовата фреска прикажува сцена од борбата помеѓу војската на градот Милано со Фирентинските сили, насликана во 1505 та, Леонардо фреската не ја завршил затоа што боите почнале да бледнеат.
Фреската е “ изгубена “, кон крајот на 16 век но благодарејќи на копијата на Рубенс знаеме и како изгледала.
Овие истражувања ги подгреаа контроверзите во Италија, бидејќи стотина експерти и историчари на уметност, потпишале петиција дека оваа операција не е ништо друго туку уште една реклама во стилот на Ден Браун, авторот на кодот на Да Винчи, и дека употребата на микро сондите би можела да ја оштети фреската на Вазари.