Во форма само со еден шејк

popara28 септември, 20121min00
ovosje

Иако летото бевте доста активни, а и поради горештините  се потевте доста, сепак не успеавте да симнете посакуваните килограми? Или само сакате да ги намалите масните наслаги на телото? Или пак сакате да имате барем нешто здраво во менито?

Па, ако сте одговориле барем на едно од овие прашања со “Да”, тогаш овој ниско калоричен, но корисен шејк кој заситува е токму за вас. Се прави лесно и делува како енергетска бомба.

Ви требаат само четири парчиња ананас, ¼ грејпфрут (излупен и на парчиња), 250 мл. нискомаслен јогурт, 2 лажици семки и 2 лажици кокосово масло. Сето ова се меша во блендер и се до добивање на хомогена смеса.

Зошто е здраво да го пиете?

Ананасот има толку многу природни влакна што ќе ве држи сити подолго време. Освен тоа, нема вишокот калории како разни други слатки работи.

Грејпфрутот не само што е богат со ензими,  делува на согорувањето масти, но и го намалува нивото на шеќер во крвта, што доведува до губење на непотребните маснотии.

Јогуртот, како што знаете е богат со калциум, кој освен што ја поддржува добрата состојба на коските и зглобовите, исто така влијае на исфрлање на мастите од нашето тело.

Семките од тиква се богати со “добри” маснотии кои ќе го забрзаат метаболизмот и ќе му помогнат на организмот да ги согорува лошите масти подолго време.

Кокосовото масло пак е богато со лауринова киселина – масна киселина, која помага при согорувањето на мастите и ја намалува вкупната количина на внесена храна.

Сметаме  дека ви дадовме доволно аргументи да си го припремите овој вкусен еликсир и да го испиете со ќејф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma