Во Кина се одржа “Херкулес”, едно од најбизарните натпревари за издржливост на светот.
Градот Хенгуанг во кинеската провинција Хунан било местото каде се одржал напреварот во носење на свињи. Натпреварувачите во двете раце носеле по една свиња чија тежина била 45 килограми. Натпреварувачите во најкраток временски период морале да истрачаат 30 метри.
Додека едни имале големи проблеми и со потешкотии ги носеле дивите свињи, другите тоа го направиле без проблем. Сето ова е дел од Националниот фитнес фестивал во Кина и носењето на свињи се одржува веќе трета година по ред.