Во Лондон отворена месара со делови од човечкото тело

popara2 октомври, 20121min00
meso

Овие отсечени делови од ќовечкото тело можеби изгледаат како сцена од хорор филм, меѓутоа, минатиот викенд овие делови од телото беа понудени на продажба во Лондон. Сепак, канибализмот не станал легален. Месарницата во која се продавани делови од човечкото телото е дел од бизарната промоција за новата игра “Resident Evil 6”.

Иако деловите од човечкото тело изгледаат реално, секој еден од нив е направен од животинско месо.

Целата заработка од продажбата на овие делови е донирана на Здружението на ампутирачи, хуманитарна организација за помош на луѓето без екстремитети.

Деловите од телото се продавани по цена од три до шест фунти. На интернет е започната и страна за оваа месарница нарачена “Wesker & Son”, а во Патолошкиот музеј на болницата Свети Вартоломеј и организираниот дебати за канибализам.

Продавницата била отворена само два дена, но се покажала како голем успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *