Седум мртви тела, изгорени и осакатени биле пронајдени на задното седиште од еден камион, во западно Мексико каде се уште го тресат борбите од нарко картелите.
Телата биле пронајдени утрово по локално време, на автопатот источно од езерото Чапала, меѓи градовите Сахајо и Ла Барка.
На истиот тој автопат во понеделникот беа пронајдени 17 мртви тела.
Оваа област се наоѓа на граница помеѓу сојузните држави Халиско и Микоакан. Тука за превласт и доминација се борат наркокартелите.