Во Мексико создале вакцина против хероин!

popara26 февруари, 20121min00
148300

Мексико Сити – Надеж за зависниците.

Тимот на мексикански научници од Националниот институт за психијатрија успешно ја тестирале вакцината против хероин на глувци, а наредна фаза би требало да биде тестирање на луѓе, за да се утврди со сигурност дали вакцината делува.

Вакцината која е патентирана во САД, делува така што организмот го прави отпорен на дејството на хероинот, а корисниците неможе да се почувствуваат задоволството од шмркањето или вбризгувањето на оваа дрога.

„Тоа ќе биде вакцина за тешките зависници, кои немале успех со други терапии на одвикнување“, истакнала Марија Елена Медина, директорка на институтот.

Научниците, ширум светото со години трагаат за вакцина која ќе помогне во одвикнувањето од оваа грозна зависност, но досега ниту една не била доволно развиена и пуштена на пазарот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag