Рускиот модел, девојката на Роналдо,Ирина Шајк го претставила во Кан накитот на еден познат швајцарски златар.
Среберен фустан,елегантни долги обетки и штикли- само тоа оваа лепотица го носела на себе.
Филмскиот фестивал во Кан е идеално место за разни промоции и дефиле на убавиците меѓу кои Ирина и тоа како се истакнува со својата убавина.
Оваа 26 годишна девојка привлекува внимание на себе каде и да се појави,а многу ги сака јавните настани.Веруваме дека ѕвездите на филмовите на чии премиери доаѓа со задоволство би и забраниле да доаѓа бидејќи секој пат успева да ги засени.Така беше и во Кан.