Во Никшиќ преку пошта стигнало чоколадо со кокаин! :)))

popara21 февруари, 20121min00
n4we9

Црногорската полиција тропнала на вратата на една никшичанка бидејќи преку пошта и стигнал пакет со чоколадо полно со кокаин.

Подгорица – чоколадата наполнета со кокаин била испратена од Костарика во Никшиќ, а црногорската полиција ја запленила пратката и отворила истрага за случајот.

Како што објавиле локалните медиуми, пакетот со чоколадата полна со кокаин бил адресиран до една никшичанка, која негирала било каква поврзаност со пратката.

Германската полиција ги инфромирала колегите во Црна Гора дека во Франкфурт, еден од главните поштенски центри меѓу Европа и Јужна Америка откриен е мал пакет со кокаин, адресиран до Црна Гора.

Пакетот бил испратен до црногорската полиција, а потоа тие отишле на адресата до каде била адресирана пратката, а жената изјавила дека не очекувала никаква пошта од Костарика.

Во тек е полициска истрага за целиот случај.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag