Клиентите на пабот The Brandling Villa во Њукасл со пиво може да ги почастат и своитедомашни миленици. Овој паб продава специјално пиво за кучиња кое не е штетно за нивното здравје.
Пивото за кучиња не содржи алкохол и не е пенасто. Направено е од ароми на говедско месо. Менаџерот на пабот Дејв Кар изјавил дека со продажбата на ова пиво се создава пријателска околина за домашните миленици.
Пабот сакал да им понуди на домашните миленици нешто повеќе од вода и кучешки бисквити.