Во прашањата се и одговорите…

popara28 февруари, 20121min00
666

Кога нешто не се одвива како што треба и постојано се вртите во круг, треба да останете насамо со себе си, очи во очи. Да се запрашате дали навистина човекот до вас е оној вистинскиот, дали токму таа работа што ја имате ве исполнува, дали треба да ослабнете 5 килограми, дали сте среќни…Во прашањата е и одговорот. А одговорот на ова го знаеш само ти и никој друг. Тука се темели цела среќа и цела несреќа.

Вака ќе откриеш што е она што те повредува, што е она што те тера да се затвориш во оклоп и да трпиш, зошто не знаеш што да направиш за да бидеш среќен. Вакви ограничувања најчесто се наложени од семејството, обшеството, пријателите, партнерот…но најмногу од самиот себе.

Човек се интегрира во наметнатите модели дури и се мачи да ги создава. Некои од нас наоѓаат сили да ги отфрлат ваквите несакани препреки, а другите ги асимилираат и живеат во постојан конфликт со нив. За да ја најде личната среќа човек би требало да се осмели да ја симне маската која му е поставена со сила или тој сам си ја поставил, верувајќи дека го штити.

„Среќата се состои во тоа да ги прифатите сопствените граници и да ги сакате“ Нема полза да влегувате во улогата на Дон Кихот. Не мачете се да менувате никого и ништо. Најдете реципрочен компромис или барајте ја среќата на друго место.

Не заборавајте ги розовите очила – среќните мигови треба да се откријат и во непријатните ситуации. Така се разбира дека среќата е еден филтер, вид розови очила, низ кои го прифаќаме секојдневието. Тоа го прави нашето постоење низа од пријатни мали доживувања. Еден вид умствена вежба, која со тек на време преминува во рефлекс. Среќата не е во тоа да не одмине несреќата, а во умешноста да го искористиме и откриеме позитивното во се. Според психолозите, негативното мислење е најголемиот непријател на среќата.

За крај, не треба да заборавете дека надворешното лаже и дека луѓето на кои им завидувате, може и да не пливаат во најсреќните води. ..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma