
Сребрениот пехар кој грчкиот ателтичар Спиридон Луис го освоил откако ја прославил победата во маратонот на првите модерни Олимписки игри во 1896 година ќе биде на аукција во Лондон следниот месец.
Аукциската куќа Кристи објавила дека пехарот ќе биде на аукција откако семејството Луис го поседувала повеќе од 100 години.

За време на Втората светска војна го сокриле за да го сочуваат од разбојници.
Се проценува дека неговиот внук би можел да добие помеѓу 190.000 и 250.000 долари кои би ги поделил на своите деца.
“Моето семејство е многу гордо што имавме чест да се грижиме за овој историски трофеј последните 116 години. Успехот на мојот дедо кој го освоил првиот маратон на модерните Олимписки игри засекогаш ќе остане во наследство на мојата фамилија. Меѓутоа, дојде време да гледаме за иднината, имам две деца и најважно е да се грижам за нив најдобро што можам”, изјавил Спирос Луис јуниор.
Инаку, Луис е единствен грк кој таа година освоил медала и бил поздравен како национален херој.