Во Шпанија уапсен албанец кој имал 30 идентитета

popara26 декември, 20121min00
albanec
Шпанската полиција уапсила албански државјанин кој се криел зад 30 различни идентитети. Станува збор за Илир Цени, 32-годишен, кој бил уапсен во Марабела, Шпанија откако при верификација на идентитетот констатирала дека станува збор за фалсификувани документи, јави дописникот на МИА од Тирана.
Откако му биле земени отисоци од прстите, шпанската полиција открила дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, издадена од белгиската полиција, избегано од затвор во 2011 година.
Полицијата на Белгија соопштила дека Цени бил на издржување на затворска казна за разни кривични дела но успеал да избега од затворот во Термонде. Недозволена трговија со дрога, луксузни автомобили, тепачки со нанесување тешки телесни повреди, биле обвиненијата за кои тој бил осуден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag