Во Струмица не сте на улица

popara25 февруари, 20123min00
strumica-night3

Струмица е град во југоисточниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.

Стара куќа

Историската прошетка би пошнала од Астраион, име кое градот за првпат го внесува во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера. И следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенската, турскиот период, итн. Струмица е еден од ретките градови со напластено богатство на споменици.

Цареви кули

Струмица го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Регионот што всушност ја опфаќа котлината меѓу планините Беласица, Огражден и Еленица, Што се однесува до климата, во Струмичката котлина се мешаат видоизменета медитеранска клима чиј целосен продор од Егејското море го стопира венецот на планината Беласица, и континентална клима чие влијание значително го намалуваат планините Огражден иПлачковица. Климата во Струмица и струмичко се одликува со релативно благи зими, со долги суви лета и со високи средни дневни температури.

Смоларски водопади

Меѓутоа, во зимата термометарот може да се спушта и до -20 степени а во летото термометарот знае да покаже и до 40 степени. Пролетта и есента се пријатни во Струмица, но мошне кратки.

Вредни за споменување се манифестациите кои се одржуваат во Струмица:

  • Интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, кој традиционално се одржува кон крајот на мај при што се доделуваат награди на странски и домашни филмски автори за кратки / документарни филмови.
  • Струмичкиот карневал кој се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Великден, во вторникот по Прочка;
  • Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој започнува на 8 септември, а бројот на театарски претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.
  • Меѓународната ликовна колонија, која се одржува секоја година од 1 до 20 август, а во секоја нејзина сесија во просек, работат по дваесетина ликовни творци, претставници на различни културни средини и ликовни тенденции, правци и преокупации.
Колешино

 

А доколку сте љубител на подолги прошетки, би Ве насочиле кон:

Вељуса манастир
Водоча манастир

Манастирски комплекси

Црква Свети Леонтие Водоча

  • Манастир „Св. Леонтие“ – Водоча
  • Манастир Св. Богородица Елеуса-Вељуса

Арехолошки локалитети

 Цареви кули

Римска терма во Банско

Струмички амфитеатар

  • Орта џамија;
  • Црква “Св.петнаесет тивериополски маченици“;
  • Цареви Кули;
  • Струмин гроб кај Баница.
  • Спомен Костурница
  • Градиште (Банско)

 

Природни реткости

  • Водопадот кај Габрово
  • Колешински водопад
  • Смоларски водопад

За да го поттикмеме вашето расположение ви приложуваме и една староградска струмичка песна

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma