Српската креаторка која живее и работи во Белград, Ана Љубинковиќ ги заслужува сите пофалби за поместувањето на модните граници.
При концептирањето на својата колекција пролет/лето 2012 таа направила и анимирани GIF фотки кои добро се вклопуваат со стилот која таа го наметнува. Цветни принтови, бисери, пастелни бои и откачени модели во кои ние навистина се заљубивме.
Ова е колекцијата која нас не воодушеви, а се надеваме дека и вам ќе ви се допадне!
Во продолжение фотографии од нејзината модна ревија: