Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон одлучила да ги поддржи Олимписките игри, па така се појавила во кралската ложа, од каде што го пратела женскиот натпревар во уметничка гимнастика.
Кејт овој пат не се појавила во “униформирана” верзија, како што обично знае да се појави за време на официјалните појавувања во јавноста.
Расположената Кејт овој пат блеснала во целосно лежерно издание, маичка со кратки ракави и тренерка на закопчување, благодарение на која не се издвеојувала премногу од топлата.
Била одлично расположена и постојано навивала за младите гимнастичарки кои се обидувале да дојдат до олимписките медали.
Кејт беше амбасадор на Велика Британија, па со целото срце навивала за своите учеснички, додека останатите ги наградувала со аплауз по заслуга.