Австрија наскоро ќе добие атракција каква што не поседува ниту една друга европска земја. Всушност, еден австриски претприемач одлучил да инвестира 19 милиони долари за изградба на најголемиот бордел во Европа.
Кај Виена ќе никне “ФанМотел“ – најголемиот бордел во Европа, пишуваат австриските медиуми.
Според лицата кои го водат квартот на “црвените фенери“ во градот, борделот ќе се гради на засега тајна локација во покраината Долна Австрија.
– Тоа е како трансформација од продавница во супермаркет, вели Петер Ласкарис, еден од водачите на овој проект вреден околу 16 милиони евра.
Новиот објект ќе располага со 147 соби, како и простор за забава од 2.000 метри квадратни.
Очекувањата на инвеститорите се дека објектот ќе го посетуваат повеќе од 1.000 мажи дневно, за што ќе бидат ангажирани 150 жени.