Гејшите, јапонските уметници на заведувањето, синоним за убавина, отменост, шарм, но и способност за задоволување на мажите. Некои од нивните традиционални техники ги превземаа и жените од Европа за да внесат во своите бракови нешто ново и свежо.
Ви ги откриваме триковите на јапонските гејши, со кои ќе го збогатите љубовниот живот и ќе ја обновите страста во врската.
Не штедете на зборови- Пофалете го секој пат кога ќе доживеете оргазам. Жените обично не сакаат кога мажите ги „возвишуваат“ до небо, но кај мажите е токму спротивното. Тие едноставно сакаат да знаат дали жената е задоволена. Затоа, кога следен пат ќе доживеете оргазам, дадете му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобар љубовник на светот.
Направете да се чувствува како јунак- Секој пат кога ќе покажете колку ви годи неговото задоволување, тој ќе се чувствува како јунак. Неговото его ќе порасне до небо, ќе се чувствува посебно и херојски.
Тоа не мора да се однесува само на сексот. Овој совет можете да го примените и во секојдневниот живот. Ако се потрудите и ги истакнете неговите квалитети кои најмногу ги сакате, тогаш тој постојано ќе ви ги покажува.
Посветете внимание на неговата машкост- Вашиот партнер ќе биде воодушевен ако на одредено место во спалната соба ќе му се посветите целосно. Кога ќе ве инспирира неговата сексуалност, посветете се на неговата машкост.
Не одбивајте да водите љубов- Кога ќе ве боли глава или пак навистина не ви е до секс, потрудете се да му го соопштите тоа на убав начин. Можете да кажете, „Многу би сакала да водиме љубов, но навистина ме боли целото тело. Наутро подобро ќе се чувствувам па ќе можеме да си играме кога ќе се разбудиме“. Доколку бидете груби и незаинтересирани тој ќе се чувствува лошо, бидејќи ќе мисли дека не ве привлекува повеќе.
Често менувајте ги позите- Ако ви е помалку досадно во кревет, немојте да поминете уште една ноќ гледајќи во таванот додека вашиот партнер ја работи својата работа. Испробајте нова поза. Промената на позите не само што ќе открие ново чувство, туку и на партнерот ќе му покажете дека уживате. Заедно откријте што сакате и не плашете се да го покажете тоа.
Не плашете се од еротски игри- Играјте игри „без допир“. Правилата на играта се следни: кога сте и двајцата голи, еден на друг можете да си ја допирате само косата или брадавиците. Тоа целосно ќе ве излуди. Исто така, за време на предиграта врзете му ги очите и не го симнувајте превезот од неговите очи за време на сексот. Неговиот слух, допир и мирис ќе биде изострен, а вашето сексуално искуство незаборавно.
Направете секси фази- Мажите се визуелни типови. Оставете го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на вашето тело, немојте целосно да се соблекувате. Облечете ја неговата омилена кошула и немојте да ја закопчувате. Мажите ги возбудува кога ќе ве видат во нивната облека.