Водител на вестите на BBC Симон МекКое се посрамотил пред милионскиот аудиториум кога го уловила камерата како спие на пултот за време на емитувањето на вестите во живо. Педесетгодишниот водител ја спуштил главата на пултот и одремал неколку секунди, а неговата колешка Мартина Кроксвал, која во тој момент седела покрај него, била видливо засрамена.
Кога сфатил дека камерата е насочена кон него и дека програмата се емитува во живо, Симон подигнал. Но заморот во неговото лице бил очигледен.
Откако веста се проширила на социјалните мрежи, Симон се обидел да се оправда велејќи дека се шегувал, не спиел.
“Камерата не требаше да го сними мотео удирање со глвата на масата”, објавил Симон на својот профил.
Но, колешката која седела покрај него го демантирала велејќи дека “подлегнал”.
“Сега интервентно му инјектиравме кофеин. Со него не постои смена без инциденти”, се пошегувала неговата колешка.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=mQ7jsMGNgW4