Храната што ја јадеме се одразува на хормоналниот баланс и како последица има големо влијание врз сексуалниот живот на луѓето.
Меѓутоа има и такви продукти кои не само помагаат за зголемување на возбудата но и за побрзо достигнување до оргазам.
Мед – извор на хемискиот елемент бор, го зголемува нивото на естроген кај жените и нивото на тестостерон во крвта. А тоа секако од своја страна влијае на сексуалната желба.
Растителни масла – сите овие масла влијаат врз производството на холестерин, кој е во основата на синтезата на полови хормони.
Овесни јатки – еден ваков појадок гарантира високо ниво на тестостерон за мажите.
Фстаци – класичниот афродизијак е богат со минерали, кои пак се неопходна компонента на половите хормони. Во комбинација со солта тие се апсорбираат полесно од страна на организмот.
Алги – јодот и минералите влијаат полезно на штитната жлезда и го зголемуваат женското либидо. Навистина, ако почнете да ги употребувате, резултатот ќе се забележи дури после месец, но верувајте вреди!
Чоколада – сите знаеме дека чоколадата го подобрува расположението и е идеален метод за зголемување на либидото.
Јајца – основен извор на витамини од Б групата, кои влијаат за подобрување на хормоналниот и енергетскиот баланс.
Црвено месо – заедно со зелениот зеленчук и полнозрнестата храна, месото е основен извор на цинк, кој го намалува нивото на хормонот пролактин – основен виновник за сексуалните потешкотии.