Ву Бин, возач на автобус во Кина, за време на возењето бил погоден од парче метал, а и покрај сериозните повреди успеал да го сопре автобусот и да ги спаси патниците.
„Ву стана херој“, изјавила неговата сестра.
Шоферот на автобусот возел на автопат со брзина од 90 километри, а изненадно низ прозорот влетало парче метал и го погодило во раката и стомакот.
На снимката од безбедносните камери од автобусот може да се види дека Ву и покрај повредите и болките, успеал да го сопре автобусот. И покрај тоа што едвај стоел на нозе, шоферот им рекол на патниците да го напуштат автобусот.
Ву Бин бил префрлен во болница. Имал неколку скршени ребра, а му пукнал џигерот и по кратко време починал.
Родниот град на возачот Ву, Хангцоу, го прогласил за херој.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3hoawOJZ4ho