Ирачката Хирошима е името на приказната и серијата фотографии кои ги направил независниот репортер Карлос Зурутусе, во која ги објавил шокантините фотографии од деца со деформитети и оболени од рак, од ирачкиот град Fallujah.
Причината за раѓањето на вакви деца е разорната битка во овој град во 2004 година, во кој американските власти користеле оружје со осиромашен ураниум и бел фосфор. Градот бил уништен во битката во 2004 година, всушност постоеле две битки, а втората била од големи размери. Овој град се сметал за упориште на Ал Каеда.
Иако американските институции негирале дека нивните единици користеле муниција со осиромашен ураниум, НАТО сепак ќе спроведе истрага за целиот случај.
Американските војници овој град го сметале за воена зона, без цивилно население, па затоа немислосрдно го бомбардирале. Од тогаш па наваму почнале да се раѓаат децата со деформитети.