Денес се се сведува на врски за еднократна употреба

popara8 март, 20121min01
26

Тој е консуматор. И таа исто. Има вештачи нокти и  јаде полуфабрикати. Купува продукти во убави примамливи опаковки и ги фрла штом ќе и здодеат. Пие кафе од пластична чаша и ја остава небрежно таму некаде заедно со некој скршен пластичен нокт. Штом ќе и здодее и од надоградената коса си става нова. Консумира продукти за еднократна употреба.

Врските и се исто за еднократна употреба.

Наоѓа маж. Го употребува. Тој веќе не и е толку интересен. Таа почнува да бара нов продукт.

И тој е консуматор. Мобилниот ќе го смени веднаш штом ќе го здогледа поновиот модел. Бара жена за една ноќ. Врска за еднократна употреба – и откако ќе ја употреби може слободно да ја фрли во кантата за одпадоци.

Тој и таа консумираат секс. Леснодостапна стока. Љубовта одавна не е популарна. Тој продукт бара многу работа и време. А тие немаат трпение ни време. Очекуваат се да се случува одма, веднаш штом ќе ја извадат кредитната картица.

Сексот е лесен, задоволува и внесува разнообразие секоја ноќ. Зошто да бараат нешто посериозно? Тие се консуматори. Свикнале со продуктите за еднократна употреба. Знаат како да си ги обезбедат и колку може побрзо. Не сакаат да се обидуваат, ни да се трудат, зошто би?  Не знаат како да почувствуваат болка.

Врските за еднократна употреба – јадеш и фрлаш. Наскоро чувствуваш пак глад и нарачуваш нови – друг продукт во шарена опаковка, но откако таа ќе биде извадена, тој премногу започнува да личи на старата употребена стока.

Квантитет наместо квалитет. Еднократност како начин на живот. Многу секс. Евтин секс. Брз секс. Секс без чувства. А утре историјата почнува од почеток…

Реалноста на денешниот ден…И после јас ќе барам љубов, абе ајде…

One comment

  • KrStE

    19 март, 2012 at 12:39

    MNOGU DOBRO E

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag