WaterWorld Waterpark – Најголемиот аквапарк во Европа !!!

popara3 јули, 20123min00
t45

Агија Напа (Ayia Napa ) е летувалиште  на Кипар, град со  преубави плажи која секоја година привлекуваат илјадници посетители…

Местово стана вистински репер за еден семеен одмор, не само поради убавите плажи, туку и поради поради аквапаркот WaterWorld Waterpark. Аквапаркот во Агија Напа во Кипар, е единствениот тематски парк во земјата, за кој се тврди и дека е најголемиот аквапарк во Европа…

Сé на сé, постојат 18 атракции кои можете да ги доживеете…

Атлантис е најомилената атракција во паркот… Овде, како куршум ќе се спуштите по триаголниот тобоган, со неколку кривини и свртувања, пред да стигнете конечно до базенот.

Аелос е исто така популарен. Станува збор за кружен тобоган, каде ќе се свртите во круг неколку пати, пред да поминете низ дупката, која се наоѓа во центарот и да стигнете до водата.

Камиказите, не се за оние со слабо срце. Постојат два тобогани овде, Олимп и Зевс Зенит. На Олимп, ќе доживеете лизгање од деведесет метри, пред да стигнете  до базенот, додека Зевс Зенит има спуст од седумдесет и пет метри скоро вертикален пад, пред да стигнете до водата.

Останати тобогани се: Minotaur’s Labyrinth, Phaeton’s Flume, Chariot Chase, Serpentine Slides i Trojan Adventur. Вистинско место за летна забава !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag