Wi-Fi брава – Генијално или непотребно?

popara4 октомври, 20121min00

Сезаме отвори се: Lockitron е додаток за телефон со кој отклучувате врата! Вратата може да ја отворите со помош на својот телефон или блутут сетови, така што само ќе пријдете на вратата.

Компанијата “Apigy” почна да прима наредби за нивниот изум наречен “Lockitron”, направа која може да ја отклучува вашата врата со смартфон.

Опремен со блутут и безжичен интернет, “Lockitron” се напојува со батерија и се закачува на помошна брава. Вратата можете да ја отворите со помош на својот телефон или блутут сет, кој оди со него, така што потребно е само да и пријдете на вратата.

За телефони симнете ја “Lockitron” апликацијата (достапна на Android или уреди кои имаат iOS), која ви дава можност за пристап во вашиот систем било каде во светот.

Овој уред има и вграден сензор кој ве известува кога некој е пред вашата врата, а ако го изгубите телефонот, можете да ја промените својата шифра. Оваа апликација исто така ќе ви испрати порака секој пат кога некој ќе се обиде да ја отклучи вратата, дури и кога некој користи клуч.

Ваквите уреди стануваат нормална работа во светот, неколку компании веќе ги прикажале своите производи, но овој ни изгледа како најатрактивен, и неговата цена не е голема, ќе чини околу 100 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma