Wieliczka Salt Mine е прекрасно место во јужниот дел на Полска. Некогаш ова место било една од најголемите и најстарите производители на сол во светот. Фабриката која денес преставува прекрасна катедрала од сол, започнала со робата пред точно 800 години, се до 2007 година кога го добива денешното значење и лик. Од огромна фабрика за сол денес е претворена во подземна катедрала, во која целосното уредување и ентериер се од сол. Оваа „солена“ катедрала годишно ја посетуваат над 1,2 милиони посетители ширум светот.
Прекрасните фигури кои на ова место му даваат неверојатен шарм и убавина се исклесани во фигури во солени карпи од кои некогаш се вадела солта. Обработката и создавањето на овие фигури започнува во 1966 година од страна ентузијасти кои сакале да го разубават ова место. Од 1978 година Wieliczka Salt Mine е ставено на листата на UNESCO како место од големо значење за Светското историско значење.