За да си среќна – биди грешница!!!

popara23 февруари, 20121min00
2

Има такви грешки кои ги правиш ти самата, без ничија помош. Како љубопитно дете се залетуваш за да видиш што ќе се случи. И колку повеќе правиш такви безумни глупости, толку посреќна ќе станеш. Дури и ако треба да си платиш за грешката…не верувате?

5 нешта што можеш да си ги кажеш само ти:

На секое наредно ниво не издигаат имено грешките, а не успесите!

Оваа фраза припаѓа на големата актерка Сузан Сарандон. Во интервјуто таа не убедува „да грешиме колку можеме повеќе и да се движиме напред, зошто точно тоа е животот“ Еве пет волшебни правила, кои ќе ти помогнат да го преодолееш стравот од грешки и да се почуствуваш посреќна:

  1. Колку повеќе грешам, толку помалку се плашам!

Кога одиш за прв пат на заболекар, ти буквално трепериш од страв, а веќе петтиот пат веќе си опуштена и дури слатко дремеш на столот. Со грешките е исто така…

  1. Мојата грешка е мојот учител!

Таа ти помага да стекнеш искуство. Падовите се неизбежни. Важно е како се однесуваш кон падот, какви изводи правиш од тоа и како ќе ги искористиш во животот подоцна.

  1. Ако за да успеам треба и да грешам – спремна сум!

Не греши само оној кој ништо и не прави. За да го откриеш правилниот метод, треба да испробаш куп други. Точно тоа се нарекува пат кон успехот!

  1. Ќе бидам сакана дури и ако згрешам!

Грешките на никого не му попречиле за да се допадне на околината. Дури обратното – претераниот светец и Богу не е драг…

  1. Мојата грешка не е крајот на светот!

Смело и продолжувај напред!

Тоа се проби, а не гешки! Томас Едисон испробал 10 000 материјали за жичката на електричната сијалица. Кога го прашале како имал сила да продолжи да работи после толку многу грешки, тој се зачудил и одговорил: „Тоа не се грешки – тоа е елиминирање на непотребните елементи.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag