Направен е шприц кој под голем притисок без игла може да вбризга лек во телото на пациентот.
Лондон – шприцот на иднината.
Научниците од Технолошкиот институт МИТ, САД, измислиле безболна инекција, која наликува на онаа во научнофантастчната серија „Ѕвездени патеки“. Направен е шприц кој под голем притисок, без игла со голема брзина го вбризгуба лекот во телото на пациентот.
Лидерот на овој проект, професорот Ијан Хантер објаснува дека новиот шприц работи со помош на мал и силен магнет завиткан со калем од жица и поврзан со клипот од ампулата. Кога во него ќе се внесе проток на струја, тој доаѓа во контакт со магнетното поле и произведува голема сила, која го бутка клипот нанапред и така со голема сила го вбризгува лекот во кожата под голем притисок.