Заборавете на газираните пијалоци!

popara20 април, 20121min00
z

Газираните пијалоци во последно време се многу актуелни. Со секоја измината година тие се консумираат се повеќе и повеќе. Според лекарите оваа статистика е загрижувачка. Еве и неколку од факторите кои би требало да ве натераат да се замислите пред да го отворите следното шише газиран пијалок.

Повеќе килограми – сите добро знаеме дека консумацијата на газирани пијалоци води до дебелеење. Дури и една чаша на ден е многу и води до штетно натрупување во организмот. Според науката и оние со ознака диетални, индиректно водат до истото, односно предизвикуваат куп физиолошки и хормонални реакции кои сепак водат до натрупување килограми.

Опасност за црниот дроб – редовна консумација на газирани пијалоци води до состојба на црниот дроб, слична на онаа кај алкохоличарите и наркоманите.

Забите – познато е дека газираните пијалоци го нагризуваат и оштетуваат заштитниот слој или глеќта на забите. Тие се поопасни и од белиот шеќер и предизвикуваат оргомна штета на забите.

Бубрезите – овие пијалоци имаат висока концентрација фосфорна киселина која предизвикува појава на камења во бубрезите. При редовна употреба ризикот се зголемува со цели 30%.

Диабет – се што води до зголемување на килограмите води и до диабет. Само во последниве 20 години бројот на заболени од диабет во САД се зголемил три пати, што се должи на неправилна исхрана.

Другите проблеми што ги предизвикуваат овие пијалоци се ризикот од остеопороза, проблеми со дигестивниот систем, со срцето, крвните садови и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag