Apple наскоро ќе почне “пробно” производство на својот следен iPhone, под ознака iPhone 5S.
Веста ја објави технолошкиот портал DigiTimes, повикувајќи се на информациите од кинески бизнис весник. За почеток Apple наводно до декември има намера да произведе помеѓу 50.000 и 100.000 iPhone 5s, а наводно компанијата го “забрзала” процесот на сертификација и материјалите што се користат во новиот смартфон , бидејќи во производството на iPhone 5, веќе имаше некои проблеми.
Се очекува дека производството на iPhone 5S ќе го достигне својот врв во првиот квартал на 2013 година, што може да укажува на тоа дека новата верзија на iPhone може да се очекува во пролет.
Ако оваа приказна е вистина, ќе се случи нешто што е веќе видено – доаѓањето на iPhone 3G за само три месеци пред излегувањето на iPhonea 3GS или доаѓањето на iPhone 4S откако се појави iPhone 4.
DigiTimes исто така пишува дека Apple планира да лансира нов iPad во тромесечјето по излегувањето на iPhonea 5S.Очигледно е да се очекува тоа да биде iPad Mini со Retina екран.
Ние сме малку скептични за овој извештај, но никогаш не се знае.