Откако автомобилот му бил уништен за време на една бура, келнерот Грег Рубар имал проблеми со доаѓањето на работа.
Една двојка одлучила да му помогне на својот омилен келнер во италијанскиот ресторан D’Amico’s во Хјустон. На сметката од 26 долари тие додале и плус 5000 долари.
„Не ги очекував тие пари. Бев во шок. Секогаш разговарам со нив и ги познавам осум години“, изјавил келнерот.