Заедничкиот живот пред брак причина за развод?!

popara17 јуни, 20121min00
brak

Дури 80% од денешните млади двојки живеат заедно пред да влезат во брак, покажало едно истражување. Постојат многу причини за тоа, споделување на финансиските трошоци, тестирање на потенцијални брачни другари, но, исто така, свои граници на толеранција и компромис.

Иако заедничкиот живот пред венчавката денес е сосема нормална работа, психолозите се повикуваат на претходните студии и тврдат дека поголема е веројатноста, заедничкиот живот пред брак да заврши со развод. Двојките кои живееле заедно пред еден со друг да се обврзат да живеат заедно додека смртта не ги раздели имале пониско ниво на задоволство во брак.

Експертите велат дека можен извор на несогласување е заедничкиот живот кој мажите и жените го гледаат поинаку. Мажите се согласуваат на заеднички живот, со цел да се одложи важната одлука, бидејќи не се сигурни дали тоа навистина го сакаат, додека жените веруваат дека тоа ќе ги однесе право во – брак. Истражувачите од Универзитетот во Денвер тврдат дека двојките денес најчесто стапуваат во брак затоа што веќе живает заедно, а тоа не е активен избор, дури тогаш се препуштаат на помал отпор.

Многу млади двојки кои се заедно веќе четири или пет години наидуваат на потешкотии, но наместо да се прашуваат дали нивните проблеми се знак дека нешто не е во ред, тие се венчаат и се надеваат дека на тој начин нивниот однос одеднаш ќе се подобри, велат истражувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag