Закинтос, островот на желките е третиот остров по големина во Јонското море. Површината на островот изнесува 410 метри квадратни, додека должината на брегот е 125 километри…
Главниот град на островот, Закинтос е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа на југоисточната страна во заливот, зад кој се протега прекрасен рид, покриен со зеленило… Аеродромот се наоѓа на 4 километри од главниот град. Најголем залив на островот е Лаганас, кој се наоѓа југозападно од градот Закинтос и во него се наоѓа преубавиот Национален парк Закинтос.
Инаку, островот името го добил според Закинт, син на тројанскиот крал Дардан… Познат е и како еден од најсончевите острови во Грција, има блага клима и е доста зелен. Островот е и најголем природен резервоар на видот морски желки, таканаречен „ Caretta Caretta “.
Поради бујната вегетација, маслинките и боровите шуми, кои се спуштаат дури до морето, Венецијанците ова место го нарекле „ Ориентален цвет “. Единствениот спој на богата историја, песочни плажи, планински села, идилични пејзажи, традиција, вкусна медитеранска храна и недопрена природа го прават Закинтос идеален за годишен одмор…