Заобиколени од еден лажен свет

popara13 март, 20121min00
1

Сте размислувале ли некогаш за луѓето околу нас? Што чувствуваат, како се однесуваат, што зборуваат?

А сте се обиделе ли да се споредите со нив? Зошто јас да…

Заобиколени од луѓе, кои не ги изразуваат своите емоции, кои не секогаш го зборуваат она што го мислат, кои се обидуваат да се стават себе си на прв план, ние се менуваме и малку или многу се преобразуваме во истите тие ништожни човечиња…колку и да сме си ветувале дека тоа нема да се случи, колку и да сме се колнеле пред себе си, дека нема да бидеме како нив…

Зошто мудрите луѓе рекле, со кого се дружиш – таков стануваш. Така е и во реалноста. Независно од својот карактер, кога си заедно со определена група луѓе, ти стануваш дел од неа и започнуваш да личиш на луѓето што ја формираат.

Сигурна сум дека секој од вас бил сведок на лицемерен разговор…Знаете за што зборувам. Коментираат за некого, како бил облечен, како се однесува, како зборува, како си го живее сопствениот живот…После истиот тој човек што го кометирале пристигнува и сите го дочекуваат со најголемата и лицемерна насмевка на која се способни.

А што правиме ние тогаш? Се чувствуваме непријатно, зошто не сме го заштитиле или зошто и ние самите сме учествувале во тој разговор.

А како ќе се почувствувате ако разберете дека истиот тој човек кој наивно ви се смешка од другата страна, всушност предходната ноќ размислувал да се фрли под некој воз? Ќе му дадете ли шанса да ви раскаже или ќе го оставите да се затвори во себе? Ќе му дадеме ли било каква шанса? Најлесно е да оцрниш некого, без да знаеш што се случува во неговата душа. Ти имаш срце, ама има и тој, твојата душа понекогаш боли, но боли и неговата, ама ние сме слепи за туѓата болка…

Сето ова рано или касно остава некаква трага во нас. А јас ќе ве оставам да размислите за ова, за да посветам и јас време на сопствените мисли.

Напишано за оние кои сеуште  не изгубиле интерес да бидат луѓе…за оние кои знаат дека се во животот се враќа, и доброто но и лошото и за оние што не се од групата луѓе со маски, всушност за оние што се многу малку но сепак ги има…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag