Заплови Станија во актерските води: Старлетата доби примамлив повик од Холивуд?!

popara20 септември, 20121min00
stanija

Станија Добројевиќ ќе се најде рамо до рамо со холивудската мегаѕвезда Николас Кејџ и тоа во продолжението на филмот “Сезона на вештерки” во режија на Доминик Сена.

-Таа пред неколку дена добила понуда, а за еден месец треба да се појави на кастинг во Лос Анџелес, вели пријател на познатата српска старлета.

-И во вториот дел на филмот сосема е сигурно дека ќе се појави Николас Кејџ. Сеуште не е познато каква улога ќе игра Станија, но тоа што е веќе познато е дека веќе е обезбеден многу голем буџет и ако се ќе се движи според плановите, ова ќе биде нејзиниот билет за во Холивуд. И тоа на голема врата.

Станија, која во моментов е во Мајами, објаснила како го добила повикот од Холивуд.

-Мој познаник и близок соработник е г-дин Сена, па од тука се појави и понудата. За еден месец повторно патувам во Лос Анџелес и тогаш ќе имам повеќе информации. Искрено, сега се двоумам, бидејќи ако рпифатам, ќе бидам принудена целосно да се посветам на прокетот, што веќе постоечките обврски не ми дозволуваат. Негде ќе морам да пресечам, а каде, не знам ни самата, изјавила ентузијастички Станија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *